Пјонгјанг, 23. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Северна Кореја од утре ќе забрани влез на странски туристи во земјата, поради стравот од ширењето на смртоносниот вирус ебола, изјавија претставници на туристичките агенции.
Други туристички агенции кои ги организираат патувања во Северна Кореја, исто така ја потврдија оваа вест.
– Не е познато колку долго забраната ќе биде во сила, а со оглед на мошне променливата природа на политиката, се надеваме дека ќе бидеме во можност да се реализираат патувањата кои ги имаме планирано до крајот на 2014 година, вели Ник Бонер, претставник од туристичка агенција со седиште во Пекинг.
Според Светската здравствена организација на 19 октомври, повеќе од 4.877 луѓе во светот починаа од ебола, од кои најмногу во западна Африка. (Крај)
извор: АП фото: архива