Сообраќајна незгода кај „Пресека“, автомобил излета од патот
Охрид, 3. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна незгода се случи вечерва на патниот правец А2 Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“.
Читатели на OhridPress до нашата редакција доставија фотографија и информираат дека во незгодата, која се случила нешто по 19:00 часот, учествувало едно возило, кое од до овој момент непознати причини излетало од коловозот.
Неофицијално во возилото биле три лица, од кои едно е повредено.
Повеќе информации во текот на утрешниот ден. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |