Софија, 10. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова денеска на свечена церемонија ќе му ги врачи бугарските документи на Христијан Пендиков.
Церемонијата ќе се одржи во во 14:30 часот во т.н. Гербова сала во Претседателството на Бугарија. Таа важи за најголемата и за најпретставителната сала во објектот и во неа се одржуваат најважните средби, се потпишуваат меѓудржавни договори и се доделуваат награди и одличја.
Указот за добивање бугарско државјанство врз основа на бугарското потекло на Христијан Пендиков го има потпишано потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова.
Пендиков пред неколку месеци беше претепан во Охрид. Судскиот процес во кој се обвинети двете лица кои го извршиле насилството е во тек. Тој беше секретар на бугарското здружение „Цар Борис III” во Охрид. (Крај)
извор: 360 степени фото: архива