Охрид, 11. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на компанијата „Man and mountain“, а со поддршка на пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад, во сабота, на 13-ти мај 2023 година, со почеток во 09:00 часот, во повеќе општини во државата, ќе се одржи „Генералка Викенд“.
Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата.
Општина Охрид и ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид, се приклучуваат на aкцијата со чистење на плажите „Грашница“, „Горица“ и „Св. Стефан“. Во акцијата ќе земат учество и здружението „Брег на Младоста“ и компанијата Kостал Македонија Дооел.
Од Општина Охрид ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да земат учество во акцијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 13