Охрид, 12. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во неколку наврати се побарани информации од јавен карактер до општина Охрид и секогаш информациите стигаат задоцнето нецелосно или општината одбива да даде информација со различни причини, реагираат од Локалниот огранок на партијата Левица од Охрид.
– Во разговор со правниците на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап на информации од јавен карактер, каде воедно се водат неколку жалби кон општината, ни беше посочено дека општина Охрид е една од најнетранспаретните општини во Македонија. Недостатокот на транспарентност е сигнал на корупција и незаконско работење во општината, како и засилена партизација на институциите во Охрид, за што постојано алармира Локалниот огранок на Левица. Оттука, јавно го прашуваме градоначалникот Кирил Пецаков зошто Општината се обидува да ги скрие информаците кои мора да се достапни за секој граѓанин на Охрид, потенцираат од партијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес