Охрид, 12. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во месец март 2023 година во Охрид биле издадени 12 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.
Од нив на 3 инвеститор е физичко лице, а на 9 правен субјект. Предвидена е градба на 11 станови, со вкупна корисна површина од 826 м². Во анализираниот период во општините Струга биле издадени 67 одобренија, во најголем број на физичи лица, додека во Дебрца не се издадени одобренија за градба.
Во февруари во Охрид беа издадени 13, додека во јануари 52 одобренија. Збирно во првиот квартал годинава во градов се издадени 77 дозволи.
На ниво на Македонија во март 2023 година издадени се 415 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 220 се наменети за објекти од високоградба, 108 за објекти од нискоградба и 87 за објекти за реконструкција. Од вкупно 415 објекти, на 229 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 186 инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 478 станови, со вкупна корисна површина од 53.346 м². (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива