Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Кружна велосипедска трка во Охрид

Охрид, 13. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Велосипедската федерација на Република Македонија, денеска во Охрид ќе се одржи кружна велосипедска трка, како дел од трките предвидени со календарот за оваа година.

Кружната трка ќе се вози помеѓу „Горица 2“ и „Горица 3“, кон „Горица 1“, ридот кај „Инекс“ и назад.

Учество ќе земат близу 80 велосипедисти од најголемите македонски клубови, кои ќе се натпреваруваат во категории до 13 години, до 15 години, Елит и Мастерс. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука