Охрид, 13. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Еден млад господин од Охрид имаше посебна кованица и муабет за вакви случаи, која совршено ја опишува оваа состојба на умот.
– Тоа ти е пријателе „срамизам“… Тие се глупираат, тебе ти е незгодно и те фаќа срам, знаеше да каже.
Денешниот „срамизам“ сведочи за нови „дела“ на некои меѓу нас кои помислиле дека е добра идеја да ги фрлат во вода и по брегот бетонските корпи за ѓубре на плажата пред туристичката населба „Лагадин“.
Е па пријатели… Срамизам… (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 24