News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
мај 17, 2023

Струга, 17. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 16-ти мај 2023 година, во 12:00 часот на подрачјето на Струга, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ го привеле 37-годишниот А.Т. од Република Албанија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“, казниво по член 229 од Кривичниот законик и илегално преминување на државна граница казниво по член 9 од Законот за гранична контрола.

– Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица во Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука