Скопје, 17. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – За овој мандат до 2024 година, министерот за транспорт и врски во Владата на Република Македонија Благоја Бочварски вели дека планира да се вози по автопатот Кичево-Охрид и Градско-Прилеп. Се надева и дека изградбата на новите делници од Коридорите 8 и 10д ќе оди брзо.
– Пред нас имаме уште една долга градежна сезона во која очекувам да работиме максимално како и до сега. Очекувам новите автопатски делници на Коридор 8 и 10 д, да се градат со брзо темпо бидејќи тука овозможуваме фазна градба, паралелно проектирање и изградба на терен. Исто така ќе започне и градбата на втората фаза од автопатот Скопје-Блаце. Очекувам да возиме по автопатот Кичево-Охрид, по експресните патишта од Градско кон Прилеп и од Ранковце до Крива Паланка. со што еден голем дел од критичните црни точни ќе бидат елиминирани, порача Бочварски во интервјуто за „Бриф“.
Тој додаде дека се очекуваат инвестиции во голем обем, а граѓаните ќе се уверат дека сето ова што го спомнува добива на силен интензитет на терен.
– Имаме само еден пат, а тоа е европскиот и затоа мора европски да се однесуваме и да градиме модерна и просперитетна држава, потенцира Бочварски. (Крај)
извор: Бриф фото: архива