
Проекции на анимираниот филм од „Светот на Биби“ – „Пролетна магија“ и во Охрид
Охрид, 25. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Новиот, трет по ред анимиран филм од „Светот на Биби“, насловен „Пролетна, магија“ ќе се прикажува и во Охрид.
– Главните ликови се подготвуваат за нова пролетна, волшебна авантура која ќе ве остави без зборови! Затоа, подгответе се за кино и поканете ги вашите пријатели да ви се придружат. Бидете дел од авантурите на Биби и Боби и нивната волшебна приказна, велат од „Светот на Биби“.
Проекции на филмот ќе има на 30-ти и 31-ви мај (среда и четврток) од 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |