мај 25, 2023

Охрид, 25. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани повторно имаа несекојдневна можност да се дружат со легендите на фудбалот на поранешна Југославија, некогашните фудбалери на Црвена ѕвезда од Белград.

Заеднички фотографии, автограми на дресови, сеќавања и многу емоции…Овде се чувствуваме како дома, верувам ова ќе прерасне во традиција, еднаш годишно да доаѓаме овде и да им оставиме аманет на идните генерации, изјави за Супер радио и OhridPress поранешниот играч за врска и стандарден првотимец Бошко Ѓуровски.

Нема достапен опис.

– По втор пат се одржува ваква средба, иако јас сум бил повеќе пати во Охрид, секогаш сме поминувале одлично, со колегите кога ќе муабетиме со нетрпение го очекуваат следното доаѓање тука, рече Ѓуровски.

Во однос на фудбалот што се играл во минатото и денес, тој го поддржува модерниот фудбал што е побрз, поинтензивен, но вели недостасуваат мајстори/дриблери.

– Јас сум за модерна технологија, но има и контроверзии и VAR знае да згреши. Не можам да кажам дека е лошо, сепак технологијата оди напред. Јас мислам дека треба фудбалот да донесе некои нови правила. Модерниот фудбал е побрз, поинтензивен, но недострасуваа т мајстори, дриблери, тренерите сакаат тимска игра и тоа го убива талентот, дриблингот, а тоа е нешто што привлекува внимание, истакна Ѓуровски.

Нема достапен опис.

Преку спорт полесно може да се контролираат емоциите вели Ѓуровски порачувајки им на младите повеќе да се занимаваат со спорт и да не се преокупирани со компјутерите и социјалните мрежи.

Покрај Ѓуровски, во Охрид се и Милош Шестиќ, Здравко Боровница, Неделко Милосављевиќ, Јован Аќимовиќ, Јовица Николиќ, Митко Стојкоски, Драги Канатлароски, Тони Мицески и други, кои беа дел од репрезентацијата на Југославија во 60-те и 70-те години на минатиот век.

Нема достапен опис.

Освен средбите со охриѓани, фудбалерите имаа прошетка со брод по Охридското Езеро. За вистинските вљубеници во фудбалот посебно доживување ќе биде ревијалниот пријателски натпревар меѓу ветераните на Црвена ѕвезда и Охрид. Натпреварот ќе се игра на стадионот „Билјанини извори“ од 17:00 часот, а ќе биде отворена само новата трибина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука