Државниот инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор на целиот потег „Студенчишко блато“
Охрид, 26. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), во координација со Општина Охрид, вчера изврши вонреден инспекциски надзор на на целиот потег „Студенчишко блато“ во Охрид.
– Од надзорот ќе биде изготвен Записник за констатација за утврдена фактичка состојба и од водената инспекциска постапка ќе биде доставено известување до Инспекцискиот Совет и Општина Охрид за понатамошно постапување, согласно законските надлежности, информираат од ДИЖС.
извор: ОхридПрес фото: ДИЖС
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |