Струга, 26. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 32-годишниот С.Р. од струшкото село Октиси, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“.
– При контрола во патничко возило што пријавениот го управувал на локален пат во селото, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана што сакал да му ја продаде на А.А. од Октиси. При претрес во домот на пријавениот, извршен со судска наредба, пронајдена и одземена е ќеса со марихуана, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 35