Струга, 26. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Фантастични 20.577.224,00 е износот на најновиот Супер Милионер кој е освоен од играч на видеолотариските терминали во Струга на 26-ти мај 2023 година.
– Сите го посакуваат, а играч од Струга имаше среќа да го освои. Рекордниот износ на најпосакуваниот ВЛТ џекпот во Македонија, Супер Милионер вреден 20.577.224,00 денари е освоен во Струга. Го освои играч на видеолотариските терминали кај нашиот деловен соработник Делта Бет Моцарт во 16:03 часот, на 26.05.2023 година. Ова е рекорден износ на најпосакуваниот ВЛТ џекпот, Супер Милионер, кој е со дефиниран опсег на добивката од 14 до 21 милион денари, информираат од Видеолотарија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23