Охрид, 29. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во среда на 31-ви мај 2023 година, ТАВ Македонија на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, ТАВ Македонија организира настан за одбележување на двете нови сезонски авиолинии од Манчестер и од Лондон со TUI Airways Велика Британија.
Според најавата, првиот авион на TUI Airways од Манчестер треба да слета во 10:15 часот, по што е предвидена и посебна церемонија за добредојде, со воден мост, пречек на патници, сечење лента и фотографирање на аеродромската платформа.
Се очекува патниците да ги поздрават Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија, Крис Логан, извршен директор на TUI Airways Велика Британија за скијање, езера и планини како и министерот за транспорт и врски во Владата на Република Македонија Благој Бочварски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива