Бостон, 03. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Најмалку три лица загинаа како резултат на силната снежна виулица во САД.
Во Бостон 57-годишна жена почина откако паднал врз неа снег од покривот на зграда. Во државата Индијана подмрзнатата вода на патот била причина за несреќа, во која има двајца загинати.
Во Бостон вчера беше поставен нов неделен рекорд на височина на снежната покривка, која надмине 86 см. Во Чикаго, Њујорк и Њуарк натрупа до 30 сантиметри снег. Лошото време доведе до огромен метеж на автопатите. (Крај)
извор: ОхридПрес/boston.com фото: архива
Прочитано: 38