мај 31, 2023

Охрид, 31. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 31-ви мај 2023 година регистрираше земјотрес 89 km југозападно од Скопје, кој потекнува од епицентрално подрачје Охрид-Струга.

– Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 10 часот и 14 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.1, а беше почувствуван од населението во Охрид и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала и од населението во Ресен, Струга, Вевчани и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука