Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за две лица од Струга поради агресивно однесување

Струга, 3. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 2-ри јуни 2023 година, во 22:35 часот, на улицата „Едвард Кардељ“ во Струга нарушен е јавниот ред и мир со агресивно однесување од 42-годишниот М.Ш. кон една година помладиот К.М., двајцата од Струга.

– М.Ш. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Во друг случај, на 2-ри јуни 2023 година, околу 20:00 часот, на улицата „Ристо Крле“ во Струга нарушен е јавниот ред и мир со агресивно однесување од Љ.А. кон 38-годишниот В.Г., двајцата од Струга.

– Притоа, Љ.А. со тврд предмет го нападнал В.Г. и неговото куче-домашен миленик. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука