Избор Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид со засилени сообраќајни контроли: 63 казни за пребрзо возење и 16 за управување возила под дејство на алкохол

Охрид, 5. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти јуни 2023 година, во периодот од 15:00 до 21:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли, при што полициските службеници затекнале и санкционирале 63 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената, од кои 11 во Охрид, 16 во Струга, 33 во Килево и 3 во Дебар.

– Дополнително, од сообраќај се исклучени 16 возачи кај кои е утврдено дека управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид 3, Струга 1 и Кичево 12). Во наредниот период и во пресрет на летната туристичка сезона, сообраќајните контроли на магистралните и регионалните патишта на подрачјето на СВР Охрид ќе бидат интензивирани со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот на сите учесници, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука