ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Расте водостојот на Охридското Езеро, ама и понатаму е под месечниот просек

Охрид, 5. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Периодов продолжува константниот раст на нивото на водата во Охридското Езеро, но и понатаму е под просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,53 м.н.в, што е за 12 сантиметри под просекот за јуни (693,65 м.н.в), односно 43 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 17 степени и е за 2,6 степени пониска во однос на јунскиот просек.

Можно е да е слика од нацрт и текст кој вели „землоделство -управа хидрометеоролошки работи- табела станица водостои прикажани неделна хидролошка информацила иприродните езера 07:30 часот 30.05.23 cm 31.05.23 01.06.23 02.06.23 вардар вардар 44 109 90 04.06.23 05.06.23 просек 111 88 1 90 110 треска пелинце -пчина 57 152 55 88 54 48 58 44 60 108 63 50 брегалница 104 117 86 90 река река дрим 75 83 76 83 75 нд нд 120 нд водостои 66 146.70 146.70 842.21 146.70 146.70 табела 146.70 146.70 температурина вода 693.52 наколец часот 693.53 21.6 15.5 15.0 693.53 22.0 15.5 15.0 22.5 15.5 15.0 22.8 изработил: 19.6 17.0 в.д. директор, тодоровски ина“

И во текот на овој месец продолжува трендот на раст на езерскиот водостој. Врнежите од дожд што ги има периодов позитивно влијаеа на хидролошката состојба на езерото, но сепак недоволно да го достигне просекот за овој период. Од почетокот на месецов нивото е покачено за еден сантиметар, а пак од почетокот на мај досега пораснало за 18 сантиметри.

Во Охрид денес претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд. Максималната температура ќе се искачи до 23. степени.

– Денес и утре во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со поинтензивен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Услови за краткотраен дожд со ретки грмежи ќе има и во следните два дена, а поинтензивни процеси повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука