Охрид, 5. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл. гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесе решение за свикување на 28. седница на Советот на Општина Охрид.
Истата со 16. точки на Дневен ред ќе се одржи во четврток, на 8-ми јуни 2023 година со почеток во 09:00 часот во зградата на Општина Охрид.
ДНЕВЕН РЕД
Усвојување на Записникот од 25-та седница и Записникот од 26-та седница
1. Предлог-Програма за измени на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2023 година.
2. Предлог-Програма за измени на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2023 година.
3. Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за финасиските потреби на ТППЕ Охрид за 2023 година.
4. Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за заштита на животната средина и природата за 2023 година.
5. Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2023 година.
6. Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за спорт и рекреација за 2023 година.
7. Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2023 година.
8. Предлог-Програма за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2023-2025 година (НА).
9. Предлог-Програма за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2023-2025 година (НБ).
10. Предлог-Програма за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за здравствена и социјална заштита за 2023 година (Т1).
11. Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за енергетска ефикасност за 2023 година.
12. Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за уредување на градежно земјиште за 2023 година.
13. Предлог-Програма за измени на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2023-2025 година.
14. Предлог-Програма за дополнување на програмата за урбана опрема-изградба и одржување за 2023 година.
15. Предлог-одлука за изменување и дополнување на буџетот на ЕЛС Охрид за 2023 година.
16. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2023 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес