Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Во атарот на селото Делогожда приведен дрвокрадец од Струга

Струга, 5. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти јуни 2023 година, во 17:30 часот, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта го привеле 28-годишниот А.И. од Струга.

– Тој, во атарот на селото Делогожда, бил затекнат при нелегален транспорт на огревно дрво со патничко возило „Опел фронтера“. Дрвата и возилото биле одземени и предадени на Шумската полиција од Струга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука