Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Започна чартер сезоната на авиокомпанијата LOT, полски туристи ќе уживаат покрај Охридското Езеро

Охрид, 6. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Полска е дестинација од која оваа сезона се очекува зголемен број на туристи кои ќе летуваат на охридско-струшката ривиера.

– Со авион на полската авиокомпанија LOT, кој од Катовице вчера слета на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, се најави сезоната на чартери со кои полските туристи ќе престојуваат покрај Охридското Езеро, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Во текот на летнава сезона на аеродромот „Св. Апостол Павле“ се очекуваат по два лета неделно од Полска, со двете авиолинии, Катовице-Охрид и Варшава-Охрид со што се очекува и зголемување на полските туристите и остварени ноќевањата во земјава.

Во 2022 година регистрирано е зголемување од 17% на туристите и 18% на ноќевања кои ги реализирале туристите од Полска. Забележан е и раст од 28% на полски туристи во првиот квартал од годинава, споредбено со истиот период во 2022 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: АППТ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука