Струга, 7. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од концептот „МВР за граѓаните“, на 15-ти јуни во ОВР Струга ќе се одржи Отворен Кабинет на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
– Ако имате прашање за министерот, идеја која сметате дека ќе ја подобри безбедноста, предлог за подобрување на севкупното работење на полицијата, а притоа досега не сте имале можност да ја презентирате во неговиот Кабинет во Министерството за внатрешни работи, Кабинетот на министерот Спасовски на еден ден ќе дојде кај вас – во Секторот за внатрешни работи кој го покрива подрачјето каде што живеете. Отворениот кабинет на министерот Спасовски продолжува на 15-ти јуни, во просториите на ОВР Струга. Ги очекуваме граѓаните од ова подрачје во текот на оваа недела, телефонски на бројот 072/333-185 или електронски на [email protected], да си закажат термин за средба со министерот, а неговиот тим ќе ве пречека и ќе ви овозможи и вашето мислење да добие на значење, да бидете дел од процесот на креирање политики во врска со безбедноста која нѐ засега сите нас, потенцираат од МВР и повикуваат да докажеме уште еднаш дека полицијата е во служба на граѓаните и мислењето на секој граѓанин вреди. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива