Струга, 7. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти јуни 2023 година, во 09:45 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода 37-годишниот Д.У. од Струга и 46-годишниот Е.П. од Куманово.
– Тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во куќа во струшката населба „Плитишта“, при што одзеле повеќе предмети. Одземеното било пронајдено при преглед кај нив и при претрес, извршен со судска наредба, во домот на Д.У. во Струга. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 19