Избор Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Во два случаи полицијата пронајде дрога во Охрид и Струга

Охрид/Струга, 8. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Билтенот на МВР носи информации за два случаи во кои полицијата пронајде дрога во Охрид и Струга.

На 7-ми јуни 2023 година, во 23:10 часот во угостителски објект на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода 38-годишниот П.С. од струшкото село Долна Белица затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во друг случај, на 7-ми јуни 2023 година, во 21:40 часот на улица „Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишиле од слобода 52-годишниот К.Л. од Струга. При преглед во патничко возило, во кое бил К.Л., била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука