јуни 9, 2023

Охрид, 9. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од акцијата „Ова е Македонија за сите“, ВМРО-ДПМНЕ организира трибина на тема „Политики за силна култура и развиен туризам“, денеска со почеток во 18:00 часот, на „Долни Сарај“ во Охрид.

– На трибината ќе говорат проф. д-р Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Велика Стојкова Серафимовска, Лидија Петкоска и проф. д-р Иванка Василевска, пратенички во македонскиот парламент, Мими Ѓоргоска Илиевска, претседател на комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ и Слободан Блажевски, претседател на комисија за туризам на ВМРО-ДПМНЕ. Во воведниот дел на трибината ќе се разговара со д-р Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид и Сашо Донев, претседател на Совет на општина Охрид, информираат од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука