Скопје/Охрид, 9. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Холанѓанецот Лук Патрик, кој е инфлуенсер за патувања и има преку 85.000 следбеници на Инстаграм, веќе 6 месеци патува низ Европа. Објавува фотки и видеа од своите авантури, и споделува приказни и искуства со своите следбеници за местата што ги посетил.
Лук неодамна беше и во Македонија. Помина три дена во Скопје и Охрид, по што со восхит зборува за земјата, јави порталот crnobelo.com.
Во едно од своите видеа тој „додели награди“ за земјите од регионот, па според него, Македонија е најевтината земја во регионот, а трета е по гостопримливоста, веднаш по Турција и Србија.
– Охрид е спектакуларен и не ми е јасно зошто не се спомнува во разговорите во кои се зборува за убавините на Дубровник или Венеција. Ако сте студент и љубител на патувања како мене, и ако секогаш сакате да заштедите пари, но сепак сакате да посетите неверојатни места, тогаш тоа е знак да одите во Охрид. Тоа е еден од најубавите градови на едно од најубавите езера во Европа, исто така, најстарото езеро. И сега најдобриот дел… Не е премногу скапо. Сепак, морам да признаам, бев таму во оф-сезона. Претпоставувам дека цените ќе бидат повисоки кога ќе ги посетите во текот на летото. Сепак, место што мора да се посети во Европа, вели Лук за Охрид и објави видео од денот поминат тука, па се пофали дека за 26 евра стигнал до градот, бил на ручек и ја посетил Самуиловата тврдина.
Комплетната информација на порталот crnobelo.com ОВДЕ. (Крај)
извор:crnobelo.com фото: crnobelo.com