Избор Спорт Струга ТОП ВЕСТИ

Наскоро ревијален Интернационален Џудо натпревар Struga Open 2023 за лица со интелектуална попреченост во Струга

Струга, 9. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на џудо клубот „Дрим“ од Струга и „Порака Нова“ – Струга, наскоро ќе се одржи Интернационален Џудо натпревар Struga Open 2023.

– Во рамките на натпреварот ревијално ќе се натпреваруваат и лица со интелектуална попреченост како дел од проектот Judo4All. На настанот очекуваме повеќе од 600 гости, џудисти, тренери од повеќе држави од регионот и Европа, информираат организаторите.

Натпреварот ќе се одржи во Спортскиот центар „Тими“, на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, во сабота, на 24-ти јуни 2023 година, со почеток во 10:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука