Ливерпул, 23. октомври 2014 (ИНПРЕС) – „Беше посебно. Го постигнав мојот прв гол на „Енфилд“ и многу сум среќен.
– Ова е неверојатно. Знаев дека „Енфилд“ е тежок терен, но одигравме фантастично прво полувреме и заслуживме да победиме, изјави стрелецот на првиот гол за Реал Мадрид Кристијано Роналдо во синоќешниот натпревар против Ливерпул, кој шпанските фудбалери го добија на гости со 3:0.
Не се оптоварувам со рекордот во Лигата на шампионите, знам дека ќе го соборам, додаде Роналдо по натпреварот.
– Лионел Меси и јас сме многу блиску, но најважно е што екипата има девет бода, додаде Роналдо. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива