Европскиот елен на постерот за годинешното јубилејно издание на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“
Охрид, 10. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“ го објавија дизајнот на постерот за годинешното јубилејно, 35-то издание.
– Постерот за годинешното јубилејно издание на „Поетска ноќ во Велестово“ е посветен на враќањето на европскиот елен на падините на Галичица. Дизајнот е дело на Андреј Павлов, информираат од фестивалот.
Оваа година, фестивалот ќе се одржи од 18-ти до 20-ти август 2023 година на неколку локации во селото Велестово и во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |