Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Дамјан Пејчиноски и Felix Lalanne снимија акустична верзија на „Billie Jean“ од Michael Jackson (Видео)

Охрид, 10. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот виртуоз на гитара Дамјан Пејчиноски, заедно со врвниот австралисти гитарист Felix Lalanne снимија акустична верзија на антологиската „Billie Jean“ од Michael Jackson.

– Имав чест во мојот дом во Охрид да го пречекам мојот пријател и врвен светски музичар Felix Lalanne. Требаше да имаме концерт во Македонија, но за жал истиот се откажа. Сепак, успеавме да снимиме нешто пред да замине. Ова е нашата акустична верзија на „Billie Jean“ од Michael Jackson. Се надевам дека ќе ви се допадне, порача Дамјан на неговиот профил на Facebook.

Песната е оригинално изведена во далечната 1982 година, како дел од албумот „Thriller“ на Michael Jackson.

Дамјан Печиновски важи за еден од најдобрите гитаристи на домашната сцена. Неговото богато музичко искуство напишано со многу странски настапи е верен доказ дека Македонија има сериозни музички таленти кои што можат да се носат рамо до рамо со светските големи имиња. На сцената секогаш плени со својата самодоверба, зрелост и неверојатен слух и техника за гитара.

Со гитарата другарува од својата шеста година, но вистинскиот интерес се пројавил во тинејџерските денови. Има членувано во составите „Ворнинг“, „Абракадабра“ и „Џамп старт“. Во 2002 година на реномираниот фестивал „Рок-фест“ беше прогласен за најдобар гитарист, а наградата – гитара „Јамаха“ лично му ja додели маестро Влатко Стефановски. Во декември 2016 година, Пејчиноски ја доби титулата Доцент на Музичката Академија во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: FB Damjan Pejcinoski

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука