Охрид, 13. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Еден млад господин од Охрид имаше посебна кованица и муабет за вакви случаи, која совршено ја опишува оваа состојба на умот.
– Тоа ти е пријателе „срамизам“… Тие се глупираат, тебе ти е незгодно и те фаќа срам, знаеше да каже.
Денешниот втор „срамизам“ на оваа тема сведочи за „делото“ на некој меѓу нас понесен од старата охридска легенда „Овде најдовте … да ставате“, решил едно од столпчињата кои го одделуваат коловозот од велосипедската патека на кеј „Македонија“ да заврши во езерото…
Е, па пријатели… Срамизам… (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 18