Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Конференција на економската и еколошката димензија на ОБСЕ во Струга

Струга, 14. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Струга денеска ќе биде домаќин на годинешната Конференција на економската и еколошката димензија на ОБСЕ – „Промовирање на безбедноста и стабилност во областа на ОБСЕ преку одржлив развој и отпорен и инклузивен економски раст“.

Претставници од Република Македонија, земјите-учеснички на ОБСЕ, граѓанскиот сектор ќе дискутираат за следниве значајни теми и приоритети на македонското Претседавање со ОБСЕ: зајакнување на доброто владеење, анти-корупција, предизвиците од климатските промени, енергетска безбедност и како заеднички да постигнеме одржлив развој и стабилен економскиот раст кој истовремено ќе овозможи заштита на животната средина, како и благосостојба на луѓето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука