Охрид, 16. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Започна партерното уредување на тротоарските површини на улицата „Димитар Влахов“. Старите бехатонски плочки се заменуваат со камен шрилец и печатен бетон.
– По завршување на градежните активности, улицата ќе добие автентичен охридски изглед. Предвидено е да се уредат тротоарските површини од потегот кај Општина Охрид до пресекот со улица „Македонски просветители“, односно површина од околу 1.600 м2. Вредноста на проектот изнесува околу 4.000.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, информираат од локалната самоуправа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27