ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Подобрена хидролошката состојба на Охридското Езеро, но и натаму е под просекот

Охрид, 19. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Врнежите од дожд што ги имаше периодов позитивно влијаеа на хидролошката состојба на Охридското Езеро, но сепак недоволно да го достигне просекот за овој период.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,57 м.н.в, што е за 8 сантиметри под просекот за јуни (693,65 м.н.в), односно 47 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 20 степени и е скоро половина степен повисока во однос на јунскиот просек.

Последнава недела езерското ниво е покачено за цели 4 сантиметри.

Можно е да е слика од нацрт и текст кој вели „землоделство -управа хидрометеоролошки работи- табела станица легуновце неделна хидролошка информацила за природните езера водостои прикажани 07:30 часот cm 13.06.23 14.06.23 15.06.23 16.06.23 57 вардар 7.06.23 18.06.23 19.06.23 86 просек 128 170 168 72 156 144 142 212 124 168 68 164 100 95 река река дрим 112 65 58 26 72 58 146 74 60 62 84 22 73 92 146.71 нд нд 146.71 842.22 ез.охрид 146.71 146.72 146.72 146.72 температурина вода ез.доран 24.8 наколец ез.преспа 17.5 20.0 07:30 часот 25.0 17.5 693.56 693.5 18.0 24.8 18.0 19.5 24.2 19.6 изработил:д проверил:ау 20.0 в.д. директор, тодоровски вештачко“

Во Охрид денес сончево и значително потопло време со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 24. степени.

– Денес и утре краткотрајно ќе биде постабилно и значително потопло. Во среда попладне ќе биде нестабилно во западните делови локален пороен дожд и појава на грмежи, а во деновите кон викендот ќе има појава на пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер повремено и во останатите делови од земјата, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука