јуни 20, 2023

Вашингтон/Струга, 20. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – САД го означуваат градоначалникот на Струга Рамиз Мерко како неподобен за влез во САД поради неговата вклученост во значајна корупција, соопштија од Стејт Департментот.

Оттаму велат дека Мерко, како градоначалник на Струга, злоупотребувал општински средства и се мешал во судски и други јавни процеси, наштетувајќи ѝ на довербата на македонската јавност во демократските институции и функционери, јави порталотсдк.мк.

На црната листа на САД истовремено се ставени и неговата сопруга Шпреса и трите полнолетни деца, Генц, Назмије и Дренуше.

Мерко за порталот изјавил дека не е информиран за одлуката на американскиот Стејт Депармент. (Крај)

извор: сдк.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука