јуни 21, 2023

Охрид, 21. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Самото негово име е доказ дека се работи за посебен човек. Се вика Brian Peter George St John le Baptiste de la Salle Eno или само Brian Eno.

Тој е култен Британски музичар, композитор, продуцент и визуелен уметник, познат по соработките со Talking Heads, David Bowie, Roxy Music, U2 и многу други.

Стариот музички мајстор заминува на соло светска турнеја, на која ќе ја промовира адаптацијата на неговиот албум од 2016 година „The Ship“, заедно со Baltic Sea филхармонијата и диригентот Kristjan Järvi. Турнејата започнува во Венеција, со настап на Biennale Musica.

Исклучително се ретки неговите соло настапи, а последен таков беше во 2021 година за UNESCO World Heritage во амбиентот на Акрополис во Атина. По Венеција, тој продолжува за Berlin, Paris и Utretcht, а турнејата ќе кулминира со настапот во Royal Festival Hall во Лондон.

Фантастичен музичар, одговорен за звукот на некои од највлијателните албуми и артисти воопшто во историјата на музиката. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука