Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Нефју: Американскиот државен секретар има докази за вмешаност на Мерко во голема корупција

Вашингтон/Струга, 21. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во интервју за албанската редакција на „Гласот на Америка“, координаторот на антикорупција во Стејт департментот на САД, Ричард Нефју изјави дека не можеле да споделат повеќе детали за тоа зошто струшкиот градоначалник вчера завршил на црната американска листа.

– Одлуката е донесена затоа што државниот секретар имал веродостојни информации кои сугерираат дека г-дин Мерко бил вмешан во голема корупција. И така според законите, кога секретарот ќе дојде до тој заклучок, нечија определба е правно обврзувачка, како што се случи денес, изјавил Нефју за Гласот на Америка.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа врз база на кои конкретни докази е донесена оваа одлука, координаторот за антикорупција на Стејт департментот на САД вели дека станува збор за злоупотреба на средства и мешање во судските постапки.

– И знаете, со оглед на природата на одлуките и нивната правна основа, тоа се информациите што можеме да ги објавиме во јавноста за овој случај, додаде Нефју. (Крај)

извор: infomax.mk фото: infomax.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука