ЖивоТ: Не се расправајте со „магариња“!
јуни 22, 2023

Еден ден магарето му рекло на тигарот: – „Тревата е сина“.
Тигарот одговорил: – „Не, тревата е зелена“.

Расправијата се вжештила и решиле да одат кај лавот, кралот на џунглата. Уште пред да стигат до шумата, каде што лавот седел на неговиот престол, магарето почнало да вика:

– „Ваше височество, дали е вистина дека тревата е сина?“.
Лавот одговорил: – „Точно, тревата е сина“.

Магарето се охрабрило и продолжило: – Тигарот не се согласува со мене, ми противречи и ме нервира, те молам казни го.
Лавот наредил: – „Тигарот ќе биде казнет со 5 години молчење“.
Магарето радосно скокнало и тргнало по својот пат, задоволно повторувајќи: – „Тревата е сина“…

Тигарот ја прифатил казната, но сепак собрал храброст и го прашал лавот:
– „Ваше височество, зошто ме казнивте? Па Вие знаете дека тревата е зелена“.
Лавот одговорил: – „Да, тревата е зелена“.
Тигарот прашал: – „Па зошто тогаш ме казнувате?“.
Лавот одговорил: – „Тоа нема никаква врска со прашањето дали тревата е сина или зелена. Казната е затоа што не е можно храбро и интелигентно суштество како тебе да губи време во расправија со магаре, а згора на тоа уште доаѓаш овде и да ми го губиш времето со тоа прашање. Најлошото губење време е расправија со будала и фанатик на кого не му е грижа ниту за вистината, ниту за реалноста. Тој се грижи само за тоа да „победат“ неговите верувања и илузии. Никогаш не го трошете вашето време на бесмислени дискусии… Има луѓе кои колку и да им приложите докази, никако не можат да ги разберат. Други пак се заслепени од егото, омразата и незадоволството и се’ што сакаат е да се во право, дури и кога не се“.

И затоа. Кога незнаењето вреска, интелигенцијата молчи.

Верувајте, Вашиот мир и тишина вредат повеќе, многу повеќе…

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука