Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Охрид меѓу локациите кои српските медиуми им ги предлагаат на Србите за посета во Македонија на пат кон омилената Грција

Скопје/Охрид, 22. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Летото е тука, а одморите се во тек. Додека некои ја искористија претсезоната за да уживаат во сончевите предели, за многумина ова задоволство допрва доаѓа. Како и секоја година, најпопуларна дестинација за српските туристи е Грција.

Српските медиуми на граѓаните им предлагаат неколку места во Македонија каде може да направат пауза на патот до морето и да се одморат. Секако, преубавиот Охрид е помеѓу овие локации.

– Едно од најстарите, најголемите и најдлабоките езера во светот, нуди исклучително богата историја, култура и феноменално гастрономско искуство. Можеби не е точно попатна станица на патот до и од морето, но секако вреди мало заобиколување. Опкружено со високите планини на Националниот парк „Галичица“, Охридското Езеро се наоѓа на 695 метри надморска височина. Имајќи ја предвид големината на Охридското Езеро, може да се пофали со еден од најголемите биодиверзитети во светот, а е дом на повеќе од 350 ендемични видови кои ги нема никаде на друго место, поради што е еден вид природен музеј. Една од најважните знаменитости на Охрид секако е манастирскиот комплекс Свети Наум, како поради самиот манастир, така и поради изворот на реката Црн Дрим, кој се наоѓа во непосредна близина. Кристално чистата вода на реката Црн Дрим, која извира токму на ова место, а потоа се влева во езерото, создава прекрасен воден пат кој се протега сè до Струга, пишуваат за Охрид.

Покрај Охрид, на листата се и Дојран, Скопје, Велес и Демир Капија. (Крај)

извор: Курир фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука