ЕКОЛОГИЈА Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Јапонија донираше комунално возило за чистење на канализационата мрежа во Охрид

Охрид, 23. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја, денеска присуствуваше на церемонијата за комплетирање на GGP-проект во Општина Охрид, со кој беше донирано комунално возило за чистење на канализационата мрежа.

Церемонијата беше организирана од страна на Градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков и Директорот на јавното комунално претпријатие „Нискоградба“, Александар Трпеноски, во знак на благодарност за донацијата.

– Станува збор за голема донација на Јапонската влада вредна 60.640 евра. Имајќи ја предвид заложбата на Општина Охрид за заштита на животната средина, акцентирајќи ја заштитата на Охридското Езеро, оваа донација доаѓа во вистински момент, нагласи градоначалникот Пецаков.

Јапонскиот Амбасадор Оцука Казуја зборуваше за неговото задоволство од овој проект, како и важноста која ја има:

– Ова е нашиот шести проект во Општина Охрид. За овој проект особено, горди сме што го обезбедуваме ова возило кое придонесува за намалување на загадувањето на древното и убаво Охридско Езеро, истакна Амбасадорот Казуја.

Вкупната донирана сума од народот на Јапонија од 1996 година е 8,9 милиони евра. Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано 177 GGP проекти од кои: во образование повеќе од 75 училишта и градинки; во здравство 67 здравствени установи; и во унапредување на животната средина 52 општини се поддржани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука