Охрид, 24. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Силно невреме проследено со засилени врнежи на дожд и град, силен ветер и грмотевици, го погоди Охрид, денеска, нешто по 11:30 часот.
Град со големина на орев, односно околу 2-3 сантиметри врнеше во поширокиот регион на градот, соседна Струга и Општина Дебрца.
Извесно е дека денешното невреме ќе предизвика големи штети кај земјоделските насади.
Од УХМР известуваат дека под влијание на нестабилна и влажна воздушна маса денес и утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
– Поради големата енергија и влажност во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Дневните температури ќе опаднат за неколку степени. Потоа во текот на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време, а само на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес