јуни 25, 2023

Охрид, 25. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот градски мешан хор Vox Lychnidos ќе настапи на јубилејното 50-то издание на хорскиот фестивал со меѓународен карактер „ТЕХО 2023“, што викендов се одржува во Тетово.

Хористите деновиве со интензивни проби се подготвуваат за гостувањето. Фестивалот се одржува во две вечери, а нашиот настап е вечерва, недела, 25-ти јуни, изјави за Супер радио и OhridPress диригентот Бурим Хидри.

– Тетовската сцена ни е веќе позната и претходите години имаме настапувано на фестивалот. Ќе настапиме со четири композиции: Ubi caritas – Maurice Duruflé, Море сокол пие за која јас го направив аранжманот, а солисти ќе бидат Драга Ставреска, Јасна Чепуњоска, Мирјана Мартиноска и Виолета Цветковска, потоа Kiss from a Rose – арр. Stefan Wyatt и традиционалната кeниска песна Wana Baraka – арр. Shawn Kirchner. Ваквите фестивали се одлична можност за средба со хоровите од други земји, размена на искуства и договарање на идна соработка и гостувања, вели Хидри.

Успешната хорска сезона, исполнета со бројни настапи како во земјава така и надвор, Vox Lychnidos ќе ја заокружи со петтото јубилејно издание на Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид“, што ќе се одржи во вторник, на 27-ми јуни во црквата „Св. Софија“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука