Охрид, 26. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – По „Оган да го гори“ на Ламбе Алабаковски, „Земјо македонска“ во изведба на Огнен Здравковски е втората нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“, чиј комплетен автор е легендарната Васка Илиева.
Аранжманот на верзијата на Огнен е на талентираниот Николче Мицевски.
– Чест и задоволство ми е да пеам македонски песни, особено патриотски, за нашата Македонија. Растен сум со музика и со убавата македонска песна, вели младиот Огнен.
Проектот „Македонијо во срце те носиме“ содржи 12 песни отпеани од 12 изведувачи, и има за цел да се возобноват најубавите македонски патриотски песни, да им се продолжи векот и да се приближат до младите генерации. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 19