ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Жители на стариот дел на Охрид укажуваат дека се сече шумата кај Самуилова тврдина

Охрид, 30. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Кој ја уништува шумата кај Самуилова тврдина? На сред сезона кога градот е полн со странски туристи багери копаат земја, сечат дрвја и камиони ја изнесуваат земјата, раегира жител од стариот дел на Охрид, кој испрати допис до медиумите.

– Дали се води грижа за животната средина и културното наследство на Охрид. Дали надлежните институции се запознаени со ова дејствие и самоволие кое го извршуваат луѓето кои живеат под тврдината кои отвориле и пат до својата куќа? Како е можно во срцето на старото градско јадро да се извршуваат вакви дејствија и дали УНЕСКО го дозволува ова? – стои во реакцијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука