Охрид, 3. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Еден од охридските брендови кои за реалтивно кратко време успеа да си го најде своето место кај охриѓани и гостите, пред се’ со исклучутелно висок квалитет и услуга, одличните Bro’s Burger Station веќе се многу поблиску до вас, на нова локација во центарот на градот.
– За претстојната летна сезона, ќе работиме на нова локација, во строгиот центар на градот, со капацитет од околу 50 гости. Покрај комплетната понуда на бургери, ќе имаме и неколку видови специфични летни салати и мезе, како и нашиот ладен десерт. Исто така, ќе имаме и премиум 100% арабика кафе, со ноти на тропско овошје, кора од лимон и јасмин. За takeaway, цените ќе се за 10% пониски од тие што се за служење во објектот, информираат од Bro’s Burger Station.
Додаваат дека поради поставување на рампите, нарачките ќе можете да ги подигнете со паркирање на вашето возило кај плоштадот во рок од 15 минути кои се бесплатни. Во случај да нема слободно паркинг место, некој од нивниот тим ќе Ви ја достави нарачката на паркингот кај кружниот тек.
Новиот објект започнува со работа во среда, на 5-ти јули 2023 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива