Охрид, 4. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Заборавени сме во секоја смисла на зборот, реагираат жители на Пештани во допис до редакцијата на OhridPress.
Тие во апелот до градоначалникот, д-р Кирил Пецаков потенцираат дека мора да се направи повеќе за хигиената и доставија фотографии на кои се гледа многу ѓубре и неуредени јавни површини.
– Денес е 4-ти јули, сезоната е почната, а во 10:00 туристите го имаат овој „пејсаж“ на располагање во центарот на Пештани. Пештани е заборавено во секоја смисла на зборот. Да не должиме многу, сликите сами нека зборуваат, порачуваат тие. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 31