Охрид, 5. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро го надмина просекот за јули.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,62 м.н.в, што е за 4 сантиметри над просекот за јули (693,58 м.н.в), односно 52 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 20 степени и е за 2,8 степени пониска од јулскиот просек.
Последнава недела езерското ниво е покачено за 2 сантиметри.
Нивоата на речиси сите реки во земјава се повисоки од повеќегодишниот просек за овој период од годината. Исклучок се реките Брегалница кај Берово и Црн Дрим кај Ложани каде има понизок водостој од просечниот.
Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.
UV индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 26. степени.
– Денес на повеќе места ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во четврток и петок ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а од петок и во деновите од викендот ќе дува засилен, долж Повардарието и во источните делови силен ветер од северен правец (над 60 km/h) што ќе услови намалување на дневната температура, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР